оркестар (имн.) - на (предл.)

Тоа е огромна црква а вниманието ми ги привлече концертното изведување на „Миса Солемнис“ од Ф. Лист од хорот и оркестарот на Републиканската гарда, со кој диригираше познатиот париски диригент Жак Гримберг.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Присуствував на утринскиот концерт за едно молчеливо живо пајче, еден бел нем брод и оркестарот на притаени души.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во почетокот се слушнаа првите тонови на гудачкиот квартет „Мала ноќна музика“ од Моцарт во изведба на музичарите – членови на симфонискиот оркестар на воениот капелник Дворжак од Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Музиката вибрираше низ моето тело како да сум еден од инструментите и почувствував како станувам цел оркестар на удиралки, почувствував како станувам зелена, сина, портокалова.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)