На половина пат помеѓу селото и заборавената стара тулана, под голем стаблак на орев во чии лисја шушкаат крилја на невидени, птици и спомени, седат во круг седум старци со преголем товар на минатото врз грбот, не пијат и не пушат, и зачудо, некако со првиот предвечерен ветрец, брчките на мудрите лица им се измазнуваат.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тие потскокнуваат како гладни врапци над истурени купчиња просо, врескаат како вријавецот на санките, врлушкаат како ореви во размакано решето, запри ги ако можеш.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)