организација (имн.) - има (гл.)

Бараше од раководството од секое село да им праќа луѓе за караули — стража — каде што денува и кога почна да ги собира сите црквени пари под изговор дека со нив ќе купува пушки, кај селаните изгуби секаква симпатија и доверба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Честите судрувања со потерите, откаде тој излегуваше секогаш победник го направија силен и симпатичен во очите на мариовските селани, додека четата од Организацијата имаше сосема друг став.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нема сомнение дека, и покрај сите заслуги и значењето што го има во македонската историја, оваа организација имаше и свои слабости, за кои не од денешно, туку од тогашно гледиште, прв и најаргументирано проговори токму К.П. Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со градежните организации имаме договор земјата од ископните работи бесплатно да ја возат на овој терен.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)