Овластеното службено лице на органот надлежен за водење на постапката, самостојно ги утврдува фактите и околностите и врз основа на така утврдените факти и околности ги применува законите и другите прописи на конкретен случај (чл. 13, ЗОУП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во насока на континуираната тенденција на законодавецот во секој поглед да го ограничи уставното право на штрајк на работниците е промената кој предвидува дека во случај на штрајк во дејностите од општ интерес, за времетраењето на постапката за мирно решавање на спорот, штрајкот се става во мирување (чл. 21 и 22 од ЗИДЗМРРС/14); в) кај органот надлежен за помирување дојде до промена кај Одборот за помирување кој по ново го сочинуваат само страните во спорот, додека пак помирувачот учествува во постапката, но сега без право на одлучување (чл. 23 од ЗИДЗМРРС/14); г) во постапката за помирување дојде до укинување на правото на помирувачот, заедно со членовите на Одборот, да донесе препорака за начинот на решавање на спорот по заклучувањето на расправата, кое сега е ексклузивно право на двете спротиставени страни во колективниот спор, додека пак улогата на помирувачот се сведе само на помагање на страните да дојдат до заеднички прифатлива спогодба без да наметнува решенија за спорот (чл. 24 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сепак, бришењето на оваа одредба не доведе до намалување на надлежностите на органите надлежни за спроведување на инспекцијата на трудот.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ако тужителот ја преиначува тужбата така што, поради околностите што настанале по поднесувањето на тужбата, бара од истиот фактички однос друг предмет или паричен 58 износ, тужениот не може да се противи на таквото преиначување. (чл. 180, ст.1-2 и чл. 181, ст.1-2 од ЗПП). 4. Органот ја води управната постапка и донесува решение [како конечен акт] – самостојно, во рамките на овластувањата утврдени со закон и друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Врз основа на фактите утврдени во постапката, органот надлежен за решавање донесува решение за работата што е предмет на постапката (чл. 205, ст.1 од ЗОУП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)