Сам и бесен, со згрчени прсти во густата топлина на утробата, барал што не споменал уште во своите пцости и споменувал одново, по еден друг ред, од небо и земја до ораница и куќа, и сѐ така во непрекинат круг.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Полека, како да си починува пред да го завлече ножот помеѓу кожата и месото на животното, Онисифор Мечкојад запцул куќа и ораница, колепка и гроб, снаа и балдаза, земја и небо, додека и оној со факелот в раце отстапувал назадечки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)