општина (имн.) - во (предл.)

Само нашата петорка уште од тргањето на општината во црно се завитка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А кога во 1941-та, на сам ден Благоец, 24 април стар стил, фашистите ја завојуваа Потковицата, него, меѓу првите, го собраа војска, а кога, пак, го пуштија од војска, го поставија да биде писар во општината во Тополчани и го вооружија со пиштол.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сите кои одат во гората, или во општината во Тополчани, на одење и на враќање,на него седнуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Божем да се бранел од комунистите, а всушност го направија кодош, па тој и тогаш се однесуваше кабадаиски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Одвај чекаа да ја завршат куќата, последната од групата, зашто тие, односно Компанијата за изградба на Идн Парк, имаше потпишано договор да изградат еден отворен паркинг за илјада коли, само на неколку милји од Идн Парк, општината во која живееја тие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овие сега што ја држат општината во Ливаѓе мене сакаа да ме стават да бидам изгласан за делегат ама не беа сигурни и затоа јас не сакав да се резиља да изгубам од Најда Шетленка што го токмеа ливаѓани кои не беа на власт и кои после мене многу ми се осветија ама ми дојде мене Шабан од Невенино и ми рече да кандисам.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Средствата собрани од продажбата на материјалите ќе бидат наменети во добротворни цели, како за реформи, реформирање и расформирање на многумина што ќе бидат фатени таму каде што не припаѓаат, односно како работат на наталитетот со заштита, што е најстрого забрането, или се работат и го потпомагаат наталитетот во општина во која фактички не живеат и не гласаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
До 1466 кон Охридската патријаршија биле припоени: Софиската, Видинската, Влашко и Молдавија, епархијата на Пеќската патријаршија и православни општини во Италија (Апулија, Калабрија и Сицилија) како и во Венеција и Далмација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но во 1557 великиот везир Мехмедпаша Соколовиќ (1565-1579) ги одвоил српските епархии од Охридската архиепископија и ја обновил Пеќската патријаршија, на чело со неговиот роден брат.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
На паробродот пристигнало едно лице, придружено од двајца полицајци, и на затворениците им поделило скромна сума пари - помош од протестантската црковна општина во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Негативната промена е што организаторот на работата на корисниците на социјална парична помош повеќе не е должен да им обезбедува надоместок за покривање на трошоците за храна и превоз до и од местото на вршење на работата, до износ од 15% од просечната плата исплатена во Република Македонија за претходната година. (чл. 8 од ЗИДЗСЗ/мај.13) Со рогацијата од март 2011 година дојде до позначителни намалувања на висината на глобите и тоа за 2/3 од претходно утврдените глоби за установата за социјална заштита (чл. 34 и чл. 35 од ЗИДЗСЗ/ март.11) и приватните установи и на јавните установи основани од општината, градот Скопје и општините во градот Скопје кои вршат работи од социјална заштита. (чл. 36 од ЗИДЗСЗ/март.11)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Особено што тоа беа луѓе родени во еден од полските штетли, села со еврејско население, семејство кое судбината го одвои од животот на предците, а трговијата со сточна храна го однесе во Гдањск и пристојно го збогати, овозможувајќи им да скокнат од селската општина во трговскиот сталеж и од грубите ткаенини во префинета градска облека.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓу сите нив, му подвлекуваа, посебно беа значајни и влијателни еврејските општини во два града.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)