Мислам дека поинакви рамки можно е да се бараат само вон христијанската традиција која го фиксирала нашето чувство на тело, потаму на исток и во традиционалните општества воопшто коишто развиле побогата традиција на телесни техники.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Клам кон крајот од 1990-тите наведе дека „момци од едно геј-братство“ на една лезбигеј-имејл листа на Универзитетот Дрејк „велеле дека било во ред да се биде отворено геј во братството ако се играло според правилата на родово соодветното однесување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А ако сакаш стрејт-другарите да те прифатат како еден од нив, и покрај тоа што си настран, мудро е да одрекуваш дека сакаш да му припаѓаш на нешто друго освен на општеството воопшто“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако зборуваме за телото се сомневам дека Источна Европа е релевантна рамка во којашто е можно да се бара алтернатива за западната традиција на однос кон телото.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Младите настрани, ни се вели, лесно се вклопувале во младинската култура; не сакале да ги етикетираат, не чувствувале потреба за посебен, особен општествен свет и не се идентификувале со геј-културата.426
И добро е тоа, би рекол, зашто општествената цена на инсистирањето на сопствената различност од нормалните луѓе е баснословна кога немаш избор, освен да се интегрираш во хетеросексуалното општество – зашто веќе не постојат битни геј-алтернативи на стрејт-светот, сега штом урбаните инфраструктури на геј-животот се во голема мера растурени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во секој случај, веќе имавме можност да набележиме многубројни слични тврдења.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)