Од неа мошне брзо ги научи турскиот јазик и тајните на градинарството кои, подоцна, во животот на семејството, ќе бидат од драгоцено значење за неговото опстојување во годините на големата немаштија во туѓина.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ова може да се ЗА ЧУВСТВОТО НА разбере метафорички, но секако упатува кон НЕПОТПОЛНО ОПСТОЈУВАЊЕ темперамент што не ја отфрлил детската визија поради визијата на (фрагмент) возрасниот човек; а оваа паралелност која го прави како поетот така и крими jamais reel et toujours vrai (на цртежот на А. Арто) налецот, веројатно и црнопијата и хумористот (се работи само за различни количества, нагласување на последниот или претпоследниот слог, избирања: сега си играм, сега убивам) се забележува во чувството на непотполното опстојување во некоја од структурите, во некоја од мрежите кои ги ткае животот и во кои едновремено сме и пајак и мува.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)