определување (имн.) - на (предл.)

Но, од оваа несреќно формулирана одредба се гледа дека ингеренцијата за определување на висината на регресот се делегира на пониско ниво [со грански колективен договор], а такви во РМ се склучени многу малку.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во ова ниво доминираат перцепциите, мислите, спекулациите, реализациите и заклучоците, и многу од нив се во однос со: (а) определувањето на желбите и на склоностите на ликовите, (б) идентификацијата на нивните лични квалитети и на карактеристиките на нивните односи (в) појаснувањето на нивните намери - на пример, нивните мотиви и нивната цел - и (г) определувањето на вредностите и верувањата на ликовите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа, впрочем, и беше сторено со Општиот колективен договор за стопанството (2009) – според кој „со колективен договор на ниво на дејност се утврдува висината на регресот за годишен одмор и новогодишниот надоместок“ (чл. 35, ст.1, ал.8 од ОКДС).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Наместо дотогашното пресметување на пензиската основа за овие периоди врз основа на платите на засегнатите лица пред настапувањето на невработеноста, привремената спреченост од работа, отсуството од работа, односно инвалидноста, со усвоените измени определувањето на пензиската основа за овие периоди ќе се врши врз основа на соодветните парични надоместоци (чл. 2-4, ЗИДЗПИО/24.дек.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)