опкружување (имн.) - на (предл.)

Сеедно дали постои или не бакнежот, со неговото „случување“ се случува и пресврт во директното опкружување на поетот: се населуваат две тишини околу него како доказ дека имало бакнувач, како оставена трага во денот на нешто што пролетало низ него.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И дипломатите се ослободија од притисокот на сарајските борби за превласт, особено на бројните претенденти од опкружувањето на несреќниот владетел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Охридското Езеро, извишено на седумстотини метри надморска височина, во подножјето на планината Галичица, се шири во едно од најидиличните опкружувања на Балканскиот Полуостров.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Земјата започна да се стабилизира и продолжи и натаму да ги почитува фундаменталните вредности на бургибизмот, врз кои и почиваше долги години нејзиниот просперитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)