Сопствената опашка не му пречеше, му пречеа прикриените приопашници, но сепак се надеваше на народната мудрост: „Секоја круша си има опашка”, при што си мислеше - круша, која кога ќе стаса ќе падне, ама пак не ќе е опашка, што и да се измитари, нема да стане ни оскруша.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)