опаш (имн.) - на (предл.)

Кога челото на првата фаланга ќе помине покрај караулата на ридот Гинова, останатите единици да се повлечат од своите одбранбени позиции и веднаш да формираат фаланга која ќе продолжи, држејќи се за опашот на првата фаланга.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Шибан со трња и гранки на ноќта, со обеспокоено срце од вино, белецот со опаш на виножитен лак се нашол во логорот на Турците помеѓу огнови и шатори, сам и долговрат, наеднаш и самиот изненаден од живите сенки на војниците и сепак - горд божји гласник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас сметам дека со неповторливо богатство се надарени само нашите лични доживувања, приказните што ние ги создаваме: разнобојни, шумни, богати, со насмевки на бои што ќе ги откриете само во опашот на паунот, и се разбира, да не заборавиме, кај виножитото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За жал, вашето љубопитно око не може да втаса до сите мои тајни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Брзал кон куќа со гнил дел на чардак, тврдина на стаорци или човечко дувло од плитар што не можело да има поинакви прозорци освен од парчиња момирок врзувани со олово во несигурната рамка на квадратот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На накривеното куќиште била заглавена над вратата икона од оревово дрво: безимен светец со чудесно лице на млад левент во пламена облека и со пламено копје во пребелите раце јава градест и гривест коњ и убива ламја со густ тутунски чад во ноздрите, боде многузаба исклештеност со грбник на костреш, а во далечина, под замагленото лилаво и алово небо, пукаат планини на чии преслапи зарѓуваат капки сонце - тече црна крв меѓу премазни камења, опашот на чудовиштето со последен бес се обвива околу младите нозе на белецот, земјата испукала од морничавост, во пукнатините повеќе се насетуваат отколку што се гледаат змии и гуштери.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ете, го облекла; ќе го носи додека не се врати, и најпосле ќе ја објасни својата постапка како единствена можност да му се згазне на опашот на машкиот шовинизам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Крцка полугнила селска кола, немирно, шишкаво детенце треби боцки од опаш на сонлив пес, мавтаат гранки зад некоја растурена ограда.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)