Ама ја прикажаа и онаа друга страна на тоа време: ловот на црвени вештерки, ноќните акции на Кју-Клукс-Клан, конзервативните отпори кон новите уметнички движења, едукативните филмови во кои се опоменува младината на опасностите на новата музика, забраните за носење рокабили-фризури и подвртени фармерки по училиштата...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Збива некоја и друга минута, испружена крај јаслите во сламата, и кога веќе падна и уложјето од неа, сети дека опасноста на половина е помината.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Без длабоките корења на смерноста, никогаш човек не е сигурен од опасноста на падот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се работи за онаа правна норма, според која, работодавачот е должен да го запознае работникот со сите опасности на работа и со правата и обврските во врска со заштитата при работата и условите за работа (чл. 61, ЗРО/03 – Пречистен текст); како и одредбата која предвидуваше дека работодавачот е должен, земајќи ги предвид научните методи и современите достигнувања, да го организира процесот на трудот на начин со кој се обезбедува сигурност при работата и заштитата на здравјето на граѓаните – односно, да создава услови за работа и да ги преземе пропишаните мерки и нормативи, како и други општопризнати мерки за заштита при работата со кои се обезбедува психофизичкото здравје и личната безбедност на работниците и на граѓаните 20. Закон за заштита при работа; Сл. весник на РМ, 13/98. 30 (чл. 62, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)