омраза (имн.) - на (предл.)

Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во месец јануари, 1942 година, се одржа Осмиот пленум на ЦК на КПГ на кој, меѓу другото, му беше посветено посебно внимание на ,словеногласните Македонци за да не се занесат од омразата на националното потиснување на грчката буржоазија и сегашната демагогија на окупаторите, а посебно на бугарскиот национализам и шовинизам...“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рози слушаше како звукот на рапавите и нерамномерни крикови на гавраните сѐ повеќе се оддалечуваа, и тогаш ги слушна последната анатема од Кети и веселото чуруликање на црвеношијките, кои ја споделуваа омразата на Кети кон гавраните и нејзините ревносни клетви секогаш кога ги бркаше од градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тој термин не беше лош од турско гледиште, а од грчко тој беше многу удобен, зашто со него најубаво можеше да биде искажан презирот и омразата на Грците кон нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во тебе сѐ уште е присуна омразата на родот Кочов“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Библиската приказна за Авраам и Исак најпрво била приказна за таткото кој си го жртвува синот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во него била вгнездена омразата на оние кои владејат спрема оние кои ќе владејат по нив, и стравот на оние кои владејат од губитокот на владеењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)