Петре пак, пред самото влегување во окопите, помина преку своето село Старавина, го виде разурнатото дедово оганиште, упропастените лозја, ливади, исечените кории, та може да се замисли со каква омраза во душата отиде да се бори.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наместо да водиме борба со емоциите на лутина, гнев, омраза во најразлични форми треба од најлошите работи да го извлечеме најдоброто.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во моето дамнешно сеќавање, тоа лице носеше чкрипави заби и чудесна омраза во очите под чиј оган затајував од прекумерно плачење.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Лекарот треба да покаже дека е свесен за омразата во вас, но дека ја разбира и дека таа не го навредува.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Кога жестокиот алкохол го распламти огнот на омразата во него, Даниел се виде во стаклото, што беше ставено помеѓу полиците наредени за шишиња.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Белата омраза во неговите очи испаруваше влага и не потемнуваше како отровна печурка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Имаше многу омраза во нивните очи. Не се оние Шиптари што ги знам од Албанија.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Читајќи ги очајот во очите на сонародниците, омразата во очите на домородците, тој уште поупорно ја тренираше својата издржливост, го зголемуваше своето знаење.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Нумо го погледна со нема омраза во очите и, без да му даде да доврши, рече: - Можеби не сме сакати во умот, ама сме тепани по темето...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Омраза во оклоп од рамнодушност сплетена. Ваша.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)