окупација (имн.) - на (предл.)

Непосредно по напуштањето на Балканот како резултат на германската и италијанската окупација на Балканот, британската известителна служба започнала со испраќање на воени мисии во нив.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но по тоа се случи Втората светска војна, окупацијата на Франција, слободата, но букинистите никогаш не го прекинуваа својот занает.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од 23 април 1941 почнала да функционира Скопската, а потоа и Битолската област.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Бугарската окупација на Македонија била извршена со делови од 1-та коњичка дивизија и 6-та и 7-та пешадиска дивизија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По новонастанатата состојба со окупацијата на Кралството Југославија, на страниците на американскиот печат се појавиле и написи во кои јавноста се запознавала со етнографските и географските карактеристики на Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така, во весникот „Њу рипаблик“, од 21 април 1941 година, се појавил коментар, во кој биле изнесени основните карактеристики на народите што живеат во Кралството Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Грчката војска имено, не само што ефикасно го одби нападот на војската на Мусолини, туку италијанските сили успеа да ги потисне дабоко во територијата на соседна Албанија, нижејќи победа по победа над силната солдатеска изненадена од бестрашниот настап на малата армија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Италијанската триколора се развеа над јонските острови, од Крф, Кефалонија, древната Одисеева Итака, сѐ до Закинтос или „Илѐеса”, „шумовитиот остров” како што го именувал Хомер, тој Фиор ди Леванте како што, делум и поради богатата вегетација, го нарекувале романтичните венецијанци.  Во новата окупација на островот, трагите на тој романтизам беа наполно исчезнати.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ти знаеш дека причината за окупацијата на Австрија е почеток на големиот поход што Хитлер го замислил и со кој сака да го освои светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За потоа да може да го истреби од светот секој кој не е од ариевска раса.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никој не можеше да разбере што се случува во гра­дот, не можеше да го разбере скриеното значење на оваа козја наезда, за некои окупација, за други бела окупација на градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега, по многу, многу години, Мајка како да сакаше и таа да ги чуе вистинските причини за Татковите исчезну­вања пред многу, многу години, за време на италијанско-грчката окупација на нашиот роден град Поградец, на албанскиот брег од Охридското Езеро.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)