Добро подготвени и со висок морал, војските на балканските сојузници напредувале бргу.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 17 и 18 октомври во војна стапиле Србија, Бугарија и Грција.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Посебно ги загрижувала неможноста да се реализира ветеното меѓу Сталин и Черчил на состанокот од октомври во Москва, кога била договорена процентуалната поделба на териториите во одделни држави во југоисточна Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така, дополнителна загриженост кај британскиот политички и воен естаблишмент претставувало сознанието дека во крајот на 1944 година Британците не би можеле да одговорат на советскиот воен предизвик, имајќи ја предвид исцрпеноста на својата економија во текот на војната, како и задолженоста кон САД за доделената воена помош.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Кон крајот на септември Граси почна да ги празни сандачињата (наскоро мораше тоа да го прави секојдневно, бидејќи инаку ќе се најдеше пред обиените и празни свои идни експонати), а сето собрано, како и самите сандачиња, ги изложи на 27 октомври во галеријата Капелица.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)