око (имн.) - постојано (прил.)

Всушност токму тогаш повторно ја видов големата сјајна месечина, но овојпат сместена како гнездо во крошната на високиот костен, па вејките на дрвото се исполнија со многу посребрени плодови, а на поспаните птици, (си помислив самозадоволно), на оние на кои едното око постојано им е будно, сигурно им се причинуваше дека и овојпат тие се посакувани украси на некое празнично дрво што месечината од посебни причини го украсила токму за мене!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По плоштадите, крстосниците и ановите во Куско се уште се моткаат патувачки светители престорени во продавачи на чај од кока се уште се моткаат и поети кои си мислат дека баш тие се крадците на огнот и на празникот Инти Рајми со огнот в очи постојано се губат во шумата од незасадени строфи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Неколку чифта очи постојано беа вперени во мене.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И се потсетува на она кога татко му имаше решено да го продаде за да плати некаков долг и кога очите постојано му одеа на него, а душата му ја стегаше жал: го жулкаше, му ја бришеше прашината на стаклото, на кутијата изработена од ореово дрво со разни фигури од билниот и животинскиот свет: цветови, плодови, животни, птици; бројките и стрелките позлатени на таблата порцеланска, а крај секоја бројка нацртани зодијаци и други небесни знаци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Очите постојано им шараат кон неа на прозорецов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)