Славчо ги крена очите нагоре и заниша со прст. - На таванот ... Скриени беа под стреата ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Станува и, иако беше опоменат од претседателот на Дисциплинската комисија дека изрази на верски чувства поради тоа што црквата е одделена од државата не се дозволени, сепак ги составува дланките, ги положува на градите и притоа ги превртува очите нагоре.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога ќе зачкрташе некоја од голите гранки на дрвото, на Богдана ќе му се пристореше како да е тоа глас на птица, како да се вратила: вртеше со очите нагоре, ја бараше, сѐ дури не виде дека тоа сувата гранка чкртајќи испушта глас како на птица.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Послабиот милиционер од длабочината на џебот го извлече клучето од лисиците, му ги ослободи рацете на Брзакот кој потоа се поколеба, за момент ги преврте очите нагоре, се прекрсти и седна на предниот стол, но со претходно големо двоумење и загледување како да не верува дека му е понудена столица.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)