Мајка немала доволно храброст да влезе во неговата соба и да го оттргне од неговите збогувања. Таа не склопила око цела ноќ.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Пред нејзиното мисловно око целата околина почна да ѝ се одмоткува како филм, и имаше нешто утешно и мило во врска со супермаркетите, бензинските пумпи, ресторанчињата, кината во кои се влегува со автомобил, гостилниците, ретките анахрони фарми, чии плевни и амбари беа обоени со црвена боја и беа сиви и обелени од временските влијанија, автопатиштата со надвозниците и подвозниците, и со кружниците, каде што секогаш можеше да се сврти во правец спротивен на оној во кој сте оделе.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)