Осамнува. Осветлува. Дени, Овошките со укит накитени, Очите отворени, разбудени, Воздухот тихува.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Па на левиот тас да ги нареди пладневните тежини и оној часовник што чука 12 пати за конечно разбудување како од Ог Мандино, зашто залудно ми се очите отворени кога мижам со години да не видам.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
И сите стражари који погледнале во книгата умреле уште истата ноќ, со очи отворени.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
„Дајте почивка“, гласно рече и со мака држејќи ги очите отворени седна под едно дрво.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
НАЦА: (Влегува.) Проштевај, чорбаџи, саатот е крив...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
ТЕОДОС: Нејќе овде па, па, туку треба ум и очи отворени!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Кога возбудата расте и умира Ко комета што во орбита влегува И допирот на воздухот ја претвора во илузија Така срцето во петици слегува Кога глумиш дека се шегуваш А знам што во мислите криеш Кога очите отворени мамат дека спиеш Кога смешкајќи се дланки триеш – кобно
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Се плашеле од подмолноста на треската што им се мушкала зад грб.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Обогатени со видено умирање, гледале во огнот како во извор на животот, во црвено-жолтите кунатки со непрекинато јазење по усвитените гранки. Со мака ги држеле очите отворени.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сестра ми во меѓувреме се оддаде
на волшебно одгледување растенија
гледаше во нив имаме ли иднина или не
моите невени развија раскошно
и сега ми се пред очи отворени како мугри
ти најмногу ќе ги израдуваш мама и тато
со твојата судбина, рече таа
на мама ѝ се врати надежта
и се насмеа за сите
тато се разбуди од сон што не ни го раскажа
и појде на извор
јас не верував во ништо иако и денес
се вознемирувам од помислата на неа
барем ноќта да не ја испуштам
денот изгледа не е доволен
да се стигне на правото место
реков и почувствував
- имам работа со симболи
од -ден-на-ден стравот е сѐ пострвен
ако не се исплашам нема да запамтам
што се случило
стравот е време
додека се думам во мракот
- останало ли нешто од мене
мрда под прстите
надигнат и препороден.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)