А сега?, крена очи таа. Јас се вртев, молчев, се думав.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој го продолжи разговорот, правејќи бразди со машата во пепелта пред себе: — Мори, невесто Митро, шо ми а пикаш во очите таа Рожденка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Толку јасно зборуваше студениот сјај во неговите очи таа вечер, што ни во еден момент не можеше да го заборави...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Преку замрешканите очи таа му го праќа својот повик.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Циљка заспиваше последна. Со скоро замижани очи таа напнато вслушана во дедовото раскажување, се гледаше себе си како добра самовила којa им помага на сакатите и слепите, на гладните и жедните, заскитаните ги изведува на пат, се гледаше како во шумата си игра со зајачињата и верверичките и како со долга расплетена коса и со бел фустан до пети - игра по ливадите и лединките и собира цвеќе.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Косо ја побара со очи таа една Марија и му стана тесно. Нејзините патила не лажеа.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)