На професорот Георги Старделов, тогаш белградски студент, денес, 58 години по случката, уште не му е јасно како купиштата роднокрајни зелки што ги беше растоварал на Бајлониевото пазарче наеднаш се најдоа на врв Балканска улица кај хотелот Москва (а така беше било пишано: Москва секогаш да е на врвот) и почнаа да се тркалаат удолу, како кога пред очи ви бега голеиот сон, оној најубавиот, од детството.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Леле, Цигани, со мртов око ви гледа - стрелан, меѓу стрелани птици.
„Најголемиот континент“
од Славко Јаневски
(1969)