око (имн.) - спие (гл.)

На едно око спијам со другото се мачам да го здогледам тој збор, испоснички сув, во кој е овоплотен животот кој се пресоздал во корени и историска скрб...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
6. ОД ПУСТИОТ СТРАВ ЗАЈАКОТ СО ОТВОРЕНИ ОЧИ СПИЕ - тоа денес би му прилегало и на човекот.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Жив остаток од епохата на создавањето зборот продолжува да создава живи светови наспроти пустините во душите ни.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Максим никогаш не бил таму, но од други слушал дека воврен во спилата со отворено очи спиел, а ноќе - саноќ бувта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)