А бе, сите ќе ве потепам, око нема да ми трепне, зошто?
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Одеднаш открив дека во неговите огромни раширени очи нема гнев, ниту желба за одмазда, туку тивок очај, една голема прекорна тага. – Како си? – пропелтечив. Ништо не ми одговори.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Во неговите очи немаше солзи; имаше некој студен гнев, некаква мразна страст, некаква помиреност со судбината и со состојбата во која се наоѓаше светот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Црн црн сум, мрава мрачна, црна, во црн мрак живеам. Очи немам.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во неговите очи немаше ни болка, ни тага, ни протест.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во очите нема да му светат месечини.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој очи нема, кога може тоа да го рече! Ѓупка!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
СПИРО: (Веќе влегол.) Па, што е малку црна и за тоа црно под ноктите. ТОМЧЕ: И ти ли тоа!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Око нема да одвратиш од него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
- И тој ќе ти остане тука многу денови сам и ни окото нема да му трепне, - рече Претседателот. - Ќе си остане, кога е ваков.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Зад нив стојат диктатура, партија, група, мафија, шема на мислење, идеологија. (...) Сѐ што тие не пропагираат, во нивните очи нема право на постоење.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ако не ги затворам очите нема ни да се појави мојот Костадин, си мисли, брца со прачка во вжареното меше на ќумбето ја крева главата а тој веќе е онде каде што таа треба да легне.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Предвечер ќе се спушти под Малиот мост на Сена и не ќе се чуди што од очите нема да исцеди ни една солза.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Дење и ноќе! – мудруваше мудриот. –Ако е ноќ, твоите среќни очи нема да се гледаат, но нивниот сјај оддалеку ќе се забележува.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Рибино око
немам око да те видам
имам да те гледам
на свој начин, во свое време
никогаш да не ти се нагледам
од овие сфери, од овие длабини
да те изобличам
да те преобразам
на очите да не си веруваш
така исто сум гледала и молчела
молчела, значи гледала
пред да ме крстиш риба
псариа, fish, poisson,
пред да ми ја откриеш смислата
и од мене да направиш соѕвездие,
знак, уметничко дело
пред да ме уловиш и од себе да создадеш Риболовец
а од мене добар пазар,
специјалитети
пред да ми ги дознаеш употребните вредности
- мои и на моето око, метафизиката
пред да измислиш мамки, глисти, црвци
јадици, со еден збор
јас се фаќам за јадицата
а моето око сѐ гледа и сѐ знае
но таи и разобликува.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)