оклоп (имн.) - на (предл.)

Како прозрачниот оклоп на стаклата да го штитеше од сите тие слабости.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прв стаса капетанот. напуштен од војниците и стиснат в оклоп на нејасна тага, влезе во колибата заедно со априлската месечина.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Оклопот на черупката можеше во секој час да попушти.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Една долга врвица од дваесетина дивокози се нанижа на најостриот дел од сртот, беше еден црвен срт, а дивокозите наизлегуваа чиниш прозрачни и како сонувани по него, недофатливо високи и тенконоги, целите како во некој сребрест оклоп на одблесокот, дури цевени од него, со стократно наголемени сенки, што се издолжуваа дури до другиот срт отспротија, зачекорени и мирни, и сосема, сосема спори во приближувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ненадејно еден глас чудно издупчен од ветар и од уплав, и пак со дива вера во себе, брзо, побрзо отколку што може да се изговори, рекол - Господи, не заборавај нѐ!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И се заколнале дека ни на смртта не ќе ѝ се тргаат од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јаков Иконописец останал сам, врел и во оклоп на модрици, наеднаш безимен и бутнат на некое дно на кое само месото ја памети својата болка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Веднаш потоа неколку слични или наполно исти гласови да ја повторат таа самоучка и во тој миг измислена молитва или трепетливо каење пред суровоста на искушенијата - Господи, не заборавај нѐ, - и часкум им се сторило дека врз нив паѓа млака светлост, чудотворен оклоп на нивните верувања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сакам да прикажувам под оклоп на темница, човековиот глас во такви мигови е поспокоен, повпечатлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)