А кајшто има океан има и бранови за многу напатени души кои жедни ја препливале големата вода и кои во кандилца си ги вардат коралните фитили барем додека одгатнат дали океанот има корени и дали во брановите има кирилични офкања.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Знам дека знаете дека кајшто има океан има и многу песок, но сте ја чуле ли приказната за принцезата на зрно песок и сте се прашале ли некогаш колку татковини собира во едно обично зрно песок?
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Водата, пак, лојална, се враќа
дома, назад:
океанот има широка душа
првин ќе ѝ прости,
потем ќе ѝ го покаже патот
- кон амбисот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)