однос (имн.) - по (предл.)

Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На пример, законски права од осигурување во случај на невработеност, кај нас се: 1) паричен надоместок; 2) подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација); 3) право на здравствена заштита, во согласност со прописите за здравствена заштита; 4) право на пензиско и инвалидско осигурување, во согласност со прописите за ПИО на невработено лице корисник на паричен надоместок, на кое му недостасуваат најмногу до пет години пред исполнување услови за стекнување право на старосна пензија – а кое нема 15 години стаж на осигурување, до остварување на овој стаж; и 5) права на инвалидни лица за вработување со поволни услови во согласност со закон (чл. 54, ЗВОСН – неофицијален ПТ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, тие можат да изјават ревизија само ако вредноста на предметот на спорот на побиваниот дел на пресудата надминува 1.000.000 ден. [еден милион МКД или околу 16,5 илјади ЕУР].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, правото на паричен надоместок, иако тој плаќал за тоа додека бил во работен однос (!?), не може да оствари невработено лице на кое работниот однос му престанал поради: (а) давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, освен ако таквата изјава е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак; (б) спогодбено престанување на работниот однос; (в) остварува права од работен однос спротивно на закон; (г) престанок на работен однос по сила на закон, освен во случај на престанок на правното лице поради стечај; (д) неоправдано изостанување од работа последовно три работни дена или пет работни дена со прекин во текот на една година; (ѓ) престанокот на работниот однос со отказ од страна на работодавецот за кршење на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со закон, колективен договор и договор за работа; (е) одбивање да работи на работи на кои е распореден во согласност со закон; (ж) одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавец во согласност со закон; (з) одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавец, што му се обезбедува во согласност со закон; (ѕ) губење на работната способност согласно со прописите за ПИО; (и) исполнување услови за остварување право на пензија (чл. 67, ЗВОСН – неофицијален ПТ). 107
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, по исклучок – и без оглед на вредноста на спорот – ревизијата, меѓу другото, секогаш е дозволена во „спорови од работните односи по повод престанок на работен однос“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како странки во овој спор се сметаат работникот и работодавачот. Лицето кое одлучува за предметот кај овој тип спорови се нарекува арбитер. 13
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, тогашното раководство не се ангажира доволно за развој и пазарен просперитет на оваа фабрика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересна е одредбата според која, 12.  ЗМРРС (2007) го користи неиздржаниот термин „страни“, наместо попрецизниот „странки“ – бидејќи, всушност, станува збор за процесен, формално- правен, однос по повод настанат спор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Проблемот на Анчевски со фирмата почнува од април 1997, кога работодавачот престанува да врши уплата на задолжителното пензиско и инвалидско осигурување кое трае нешто повеќе од три и пол години – сѐ до април 2000.3 Согласно тогашните важечки законски прописи, кои веќе не се на сила, на Анчевски му престанува работниот однос по сила на закон (ex lege) поради навршување 40 години работен стаж.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, како што Георги Пирински ја запознавал американската јавност, на патот на обединувањето "покомплицирано" стоело "прашањето за Грчка Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По влегувањето на Македонија во Федеративна Југославија како рамоправна членка, Г.Пирински и членовите на Македонско-американскиот сојуз верувале, а и односите по војната меѓу Југославија и Бугарија им влевале надеж, во остварувањето на македонскиот долгогодишен сон - обединувањето на Македонците од сите три дела на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Предвидена е и обврска, во случај да ги отпушти работниците кои ги вработил по основа на овој закон пред истекот на периодот предвиден со овој закон, работодавецот да го врати износот на надоместените средства во еднократен износ со банкарска камата на средства по видување, освен за бројот на починати работници и работници на кои им престанал работниот однос по сила на закон (чл. 6).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Целосно се укинати правата како паричната помош и надоместокот на трошоците за превоз и исхрана за време на стручно оспособување или преквалификација, а статусот невработено лице и правата кои можат да се остваруваат во случај на невработеност им се ускратени на лицата кои го имаат прекинато работниот однос по своја волја и на една цела категорија граѓани – земјоделците, односно вршителите на земјоделска, сточарска или друга дејност, без разлика на нивото на приходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Што се однесува до другите промени во сферата на престанокот на работниот однос по пат на отказ, во периодот 1993-2003 беа воведени и следните три подобрувања: •  прво, давањето писмено образложение за причините за отказот стана задолжително (чл. 5, ЗИДЗРО/97); •  второ, во април 2003 е пропишано дека, во случај работникот да поднел приговор против одлуката за отказ, тој ќе има суспензивно дејство т.е. ќе го одложи извршувањето на одлуката за отказ, сѐ до донесувањето на конечната одлука по приговорот (чл. 8, ЗИДЗРО/апр.03); и •  трето, исто така во април 2003, должината на времето за задолжителното известување на работодавецот, дека работникот е отсутен од работа поради болест или оправдани причини, е продолжена од 24 на 48 часа (чл. 7, ЗИДЗРО/апр.03).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)