одлука (имн.) - и (сврз.)

Во моментите кога се меша со притоките на ирационалноста, заблудата, кога ветрот ни фрла прашина во очите, настанува поматување и колку и да се прашуваме и да бараме оправдувања и да го потиснуваме бесот кој тлее во нашите срца, ќе мора да се соочиме со сопствените одлуки и чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Суверенитет на граѓанска слобода, ама онаа слобода која произлегува од превземањето на одлука и одговорност за ризикот на истата!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Поедноставно кажано, излегува дека зборовите употребени да го опишат “проблемот” автоматски имплицираат други зборови кои директно посочуваат на тоа како да се започне со конструирање на решението.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Неодоливо“ посочува на „одлука и избор“, „неволно“, посочува на „волно“ итн.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Впрочем, не беше време за мудрување, за одење угоре-удолу, за премислување, треба да се донесе одлука и работите околу копањето да се забрзаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Работодавачот ја испочитува одлуката и, конечно, во февруари 2009, тој повторно е вратен на работа во оваа установа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
После изрекувањето на конечната одлука од страна на Врховниот суд на РМ, на работодавачот НУЦК – Битола му беше наложено, под страв од присилно извршување, во рок од осум дена, да го врати Митревски на работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што и можело да се очекува, инсектите не биле одушевени со таквите одлуки и ретко се преселувале на пропишаните места.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сега тие не знаеја кога ќе се донесе одлуката и дали тие се вработени или не!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)