И тогаш, 1965-та година, тој објави дека се повлекува од ликовната сцена и дека сосема ќе се посвети на филмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тој и не ги креираше сликите што ги користише, едноставно ги наоѓаше, ready-made, целите обвиткани во својата светликава аура што ги правеше незапирливо привлечни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Имаше нешто што личи на Гарбо во оваа ненадејна одлука да ја напушти својата публика која сѐ уште дигаше врева за неговите слики со Кемпбел-супите и скулптурите на „Брило“-кутиите; и имаше некаква логика во начинот на кој Ендиевите филмови полека се доближуваа до пародиите за холивудската неумереност - импровизираната екстраваганција со која ги претставуваше андерграунд „суперѕвездите“ како Бригит Полк, Еди Седвик и Вива. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 147
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
- Во право сте - велам, потсетувајќи се на својата одлука да преживеам.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Одлуката да патувам во Албанија се совпадна со поодминатите подготовки на патувањето за кое беа вклучени неколку институции во обете земји.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И тогаш во еден миг донесов одлука да не се враќам.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој знаеше дека половина од членовите на неговата партија беа против одлуката да се влезе во широка коалиција и бараа од него да ја остави власта да пропадне сама.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
По иницијатива на раководството на СНОФ и во согласност со КПГ била донесена одлука да се формираат и вооружени сили на СНОФ со ознака СОВ (Славјано-македонска народноослободителна војска).
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Такви единици во почетокот на 1944 биле формирани во Костурско.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
10. Набргу и тоа се случи: логотетот думаше три дни и три ноќи и рече: „Пресуров бев во одлуката да му го земам името на Писмородецот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И, ете, затоа, кога донеле одлука да се одбележи петгодишнината од изградбата на Долнечката брана, одредиле тој да напише кратко сценарио за документарен филм и да ја уреди изложбата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Лена не само што не го знаеше вистинскиот мотив на Борко, туку и за самата одлука да се изгради браната дозна од телевизијата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Но, неговата одлука да се откаже од веќе родениот и потпораснат син, заради раѓањето на друго дете, со оваа друга жена, како да го порази.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
На Трендафил му се допадна мојата одлука да нема свадба.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Немој после да жалиш како мене, рече мајка ми. Нема, реков јас.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Мислам, ми помогна неговото гурелаво однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мислам дека во донесувањето на одлуката да постапам цивилизирано и да го одминам спомнатиов без да му обраќам внимание, ми помогна и тој самиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)