Така и војската на Александар Македонски правела носејќи златни медалјони на гуша кога одела во походи...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
За сите овие лица, главно егзархиски службеници во Солун, по потекло Бугари, била туѓа и несфатлива секоја идеја за било каква акција во Македонија која што не би одела во хармонија со политиката на Егзархијата, односно со официјалната политика на Бугарија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Дозволи за заминување за Бугарија издавал ГШ на НОВ и ПО на Македонија, но на 17 декември 1944 година Тито испратил телеграма до ГШ на НОВ и ПО на Македонија со која се забранувало издавање дозволи на поединци за одење во Бугарија “поради снабдување и промена на пари“.303 Таквата активност во Македонија пред сé не одела во прилог на веќе изградената Титова стратегија во однос на идното уредување на Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)