Џонс Ичијанаги Волф Немаме повеќе никаква корист од функционалното, убавото, или од тоа дали е нешто вистинито или не.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Уште повеќе, за да завладее тишина, во некоја рака и времето би требало да стане хоризонтално, да го нема неговиот одек во иднината, тоа да биде само таложење на геолошките слоеви и од него да избива уште само некаков фосилен шепот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
На дното на таа репродукција ги беше испишал буквите L. H. O. O. Q. кои на француски можат да се изговорат како Elle a chaud au cul (Таа има врел задник).
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се уште не можам да чујам што рече тогаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Помеѓу Леонардо и Duchamp има многу интересни допирни точки: обајцата се синови на бележници; бројот на сочуваните дела и на едниот и на другиот е мошне мал; главните дела се оставени недовршени; обајцата беа мошне заинтересирани за анаграми и игри со зборови; Леонардовите научни игри (како и неговиот интерес за пишување со помош на огледало и интересот за сенките) добиваат интересна паралела во Duchamp-овата занимлива физика (и неговиот интерес за “повратот на огледалата” и “проектираните сенки”); заеднички им е андрогиниот психолошки образец; најпосле, Леонардовиот став дека сликата пред сè е работа на интелектот, наоѓа свој одек во настојувањето на Duchamp сликата да не смее да биде „само ретинална или визуелна; таа мора да биде поврзана со сивата материја на нашето поимање.“
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Имаме само време за разговор. нека Господ ни помогне да одговориме нешто што нема да биде само одек во нашите уши.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во блесокот на полната месечина По патот на вечната далечина Во сонот што со јаве се кити Восхит незнаен од неправда штити Сити се оние што не глодаат туѓо месо Од коска до коска Од рез до рез Питоми луѓе со смисла и без Во занес од воздух опиени Гласни воздишки и мирис на млека од гради излиени Вени од кои страста води од ек во ек Одек во векот разјарен крвожеден...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)