Колку сме жртвувале за нешто вредно, што било грев да се изгуби, толкава одговорност ќе превземеме на своите плеќи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Оваа помисла наеднаш ми наиде, но да имав и повеќе време не сум сигурен дека ќе пронајдев посоответни зборови за нејзината храбра постапка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
На забелешката од Манџуков дека таа одговорност ќе биде таква каква што била таа на раководителите на бугарските политички партии преземена за сите грешки и грабежи што се вршеле во името на “мајка Бугарија“ и во името на “милиот народ и татковината“, Орце одговорил: “Јас не мислам одговорност пред законите туку пред историјата, која никому не му простува и секому му го дава заслуженото“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Во оние околности на неизвесност и војна“, реков, „за да износиш син а притоа да одлучиш неговото доаѓање на веков како и израстувањето да биде само твоја грижа и одговорност ќе се согласиш, нели, дека е повеќе од големо херојство“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)