одглас (имн.) - на (предл.)

Потем Фисот говореше глупости, како и обично; нѐ караше, ни се закануваше со укори, мавташе со прстот; и конечно, некаде пред крајот, рече дека би било добро да има што помасовен одглас на распишаниот конкурс за литературен состав на тема: „Перспективите на народната уметност денес.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама, одгласот на некогашното заречување ќе му дојуреше како неканет гостин, ќе му сржеше: „Внимавај, не ти доликува тоа!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Рецензијата, го измазнив гласот, што ќе се обидам да ја напишам: ќе биде само недостоен, блед одглас на суптилната вредност на неговото дело.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Реалистички прецизната, избрусена реченица од андриќевска провиниенција се препознава и на семантичкото ниво на Бунар во кој тематски и стилски се мешаат одгласите на Селимовиќевиот Дервиш и смрт и Андриќевата Проклета авлија.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше еден сосема тих глас, а по него еден длабок одглас на нешто како далечен истрел, кој потоа како да се повтори од поблиску, а низ сето тоа, едвај дофатливо за слухот, се носеа последните одзвуци од нешто, што не беше ни писок ни волчешко завивање, а тој во таа своја потонатост можеше уште да помисли дека вака може да се разреси во своите последни одзиви само човечкиот вик.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се надлетуваме со орелот И му велам, И си велам: Крвта на твоите нокти Е одглас на стадо јагниња Што се белее во ноќта И се вселува под кожата на векот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)