Изградив кула од зборови Со златни кровови, Со бели дворови, Изградив кула од зборови Во кулата ширни одаи Во одаи занесите мои, Од виденото и сетеното Од тајното и сокриеното: Една одаја за гревовите, Една одаја за зборовите Третата за стиховите, Во темелите стремежите и надежите, Под нив тагата и прелагата, Најдолу душата и снагата.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Секој ден, Поетот, пред да излезе од празната одаја за која тврди дека е сцена на величествените собири на зборовите, извршува најдетална смотра на состојбата на лицето, на насмевката, и на сите делови од облеката (и покрај обичноста што веќе е спомната како карактеристика на неговото однесување).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Но кога дошол за игумен во манастирот отец Никодим Синаитски, страден за сонце што во изобилство го имало во Синаја, ги разрушил сите тие тесни и мрачни келии, ги преправил, ги преуредил: им отворил големи прозорци да гледаат кон езерото и Полето, ги споил и направил за себе убава одаја за спиење, бања за капење, простор за вршење нужда, одделение за држење пијалоци и трпеза во која ќе го служат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)