огниште (имн.) - на (предл.)

Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И им прераскажува за нас Загледани во овие изгаснати огништа на душата.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Толку е блиску тоа како млекото на лулката на несвенатата на глината на одрината на бреговите на светлоста Огрева таа и темнината од рамената од морните ја истава Во јасен час ги врзува со стреата со татковата кон изгревот загледана кон огништето на сонуваното време надежите пробудени што ги прибира во зимата на долгата ноќ
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Над самото огниште на гредите наредени се штици кои го прават таканаречениот „черен“, од кој се одбиваат искрите и го штитат покривачот да не се запали, доколку е од слама или од 'ржање.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во некое такво злодоба и се зачнало колибарењето, во некое такво време и е ставен темелот на Бојановата колиба, за повеќе векови единствено човечко свратилиште, единствено топло огниште на десетина километри наоколу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Коренот и огништето на децата се градите на мајките!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Како да не ти верувам?“, му велам, зарем не видов како профучи над нас онаа граната, којзнае од каде залутана, и се распрсна токму над огништето на Пинговица, над мудбакот нејзин, а мажот ѝ, Сотир арабаџијата, оној што ги носеше трговците по пазарите, дотрча по поплочаниот двор и не знаеше како да влезе во мудбакот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)