огледало (имн.) - ќе (чест.)

Душевниот немир, копањето по болните спомени и лудилото во овие часови на очај поради човечката злоба и пакост ме враќа во галеријата кај сликите на болната и брутална вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Небото, потоа, како опитно огледало ќе се замагли од нашиот топол здив: обичен доказ дека е студено, ладно Дно.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Пред смртниот час можеби ќе се пронајдам и ќе надвиснам над темното огледало на својата судбина за да го побарам сопствениот лик, а во огледалото ќе ја видам судбината на волшебникот, чиста, целосна, исполнета, нескршлива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)