огледало (имн.) - ме (зам.)

Ако му се насмеам, ќе ги покаже забите, бели и прилично правилно наредени во устата, ако го погледнам зачудено, ќе ги извие веѓите, густи и во правилен лак свиени над очите, ако се свртам во профил, можам да го видам носот, ни голем ни мал, ни чпрт, ни згрбавен, ни предолг ни прекраток, усните исто така правилни, немам што особено да им забележам на изгледот, а телото сосема пристојно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Да се опијанувам од нејзиниот мирис кога ќе ја видев подразгдена и ќе и ги замислев дојките во моите дланки, повремено да и ја здогледам снажната бела нога разголена до високо над колено и како си го дотерува лицето седната пред тоалетното огледало, надевајќи се дека во огледалото ме здогледува колку вљубено ја гледам додека таа мислеше на својот Германец, а на што јас, поради својата занесеност, заборавав.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од огледалото ме гледа четиринаесетгодишно, обично девојче, со големи темни очи, со темнокафена коса, височко, ни дебело ни слабо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)