Станува збор за релативно техничка промена, имено, за да го исполнат условот „активно барање работа“, покрај веќе пропишаното редовно пријавување во Заводот за вработување во утврдениот рок и доставувањето доказ дека се пријавувале на огласи кај работодавци или во Заводот, невработените лица добија дополнителна обврска да се пријавуваат на објавените огласи за потреба од работници кај работодавец, во средствата за јавно информирање и во Заводот за вработување (чл. 2, ЗИДЗВОСН/март.00).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Во поглед на засновањето работен однос, а во согласност со одредбите од Законот за работни односи, 5 со донесувањето на ЗВОСН беше укината задолжителноста на објавувањето оглас за вработување за пополнување на дадено работно место преку воведувањето на можноста работодавецот да обезбеди работник без огласување (чл. 6, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)