огламник (имн.) - и (сврз.)

Стражата, со финансистите, го запреа Донета. Ги фатија коњите за огламниците и прашаа: - Што носиш, бре ѓаур28) во вреќите?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Co тие мисли Илко си ја фати маската за огламник и си ја поведе долу „Локовот Брег“, а невестата Доста си тргна по него како „даше“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трајче го отсопна Дорча, го поведе за огламникот и сите тројца се накачија низ буковата корија...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Сиромав човек сум белки ќе земам некоја паричка да ја позакрпам сиромаштијата...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)