Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Четвртиот ден пак оган ми кренаа децата. Пак огнот им се качи. Ништо.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А нешто како широк оган им ги ламушка вршките и се држи за дрвјата, не се попушта. Се шета по дрвјата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)