Огнот беше изгаснат. Пепелта во огништето студена.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Ле - лех, мори сестри - беше рекла едната на другите - бегање не пери нам, друго ништо!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Почна да се стиска кон огнот, но кадијата го имаше предвидено тоа, та совреме нареди редица сејмени пред луѓето, така што неколку метри од огнот беа слободни.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Огнот беше откриен, побезболно и попросто отколку што очекуваше тој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Отрчало момчето во пештерата од самовилите и даа вик во пештерата, се уплашиле децата и сите в оган беа се врлиле.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Една од причините за таквата измена во неговото сфаќање на огнот беше можеби и ѕвонежот на ретките капки што пееја надвор, под стреата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)