објект (имн.) - во (предл.)

Во борбата против модерниот свет на униформирањето, постмодерната има задача да овозможи осознавање на неструктуираното, да го создаде сѐ уште невиденото, да ги обликува објектите во духот на настаните.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Човечки фигури, геометриски знаци и други форми пронајдени се, врежани или насликани, над и под земјата на карпи („петроглифи“), градби, гробници, грнчарија и други објекти во разни делови од светот. Нивното значење главно е непознато. 190 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Кога веќе говориме за тоа, objet dard е dildo (вибратор), кој делото го претвора во игра со зборови со многу димензии и многу забавно тврдење или објект во функција на уметноста.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Покрај многубројните објекти во барок и рококо стил, или објекти во еден тежок современ стил од кој може да зрачи достоинство и студенило, овде архитектите, во какафонијата на семожните геометриски линии, со бујна фантазија доловиле неверојатно складност на старото со новото во градежништвото и со тоа, навидум, како да ги демантирале сите закони на физиката...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа е градена во последната четвртина на 13-век и затоа претставува најстар објект во Прага во стилот на раната готика.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Патиштата што водат од Смољан, Пазарџик и Благоевград кон височините на Родопите денес ќе ве одведат на еден од најголемите хидроенергетски објекти во Бугарија: каскадата „Вуча“ која, всушност, претставува цел комплекс од мали и големи акмулации и хидроцентрали.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека лани изградивме објекти во вредност од 4,5 милиони ДМ, годинава планот го прошируваме на 5 до 6 милиони ДМ.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најимпозантен објект во опсерваторијата е сончевата кула, која е опремена со најсовремени апарати. Тука работи и д-р Сотировски кој ѝ се посветил на спектарската анализа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сепак, најексклузивни објекти во овој дел на Берлин се Градскиот хотел, кој се извишува со своите 37 ката на повеќе од 120 метри височина и кулата „Фернзехтрум“, која е близу дваипол пати повисока од хотелот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И, се разбира, бев пријатно изненаден, кога дознав, дека овој највисок објект во градот го градат наши градежници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас, вели Фихте (обидувајќи се да изврши универзален трансфер на Јас (16)) Сум ‘Субјект и објект во едно’ (17).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И така околу шест години, сѐ до моментот кога повеќе, поради здобиената сериозна повреда при работа, не можеше да работи. 197 Имено, при изведба на малтерисувачки работи со Пуц машина за машинско малтерисување на објект во изградба,3 поради неисправност на истата таа машина, тој целосно го изгуби видот на десното око – поради изгореница, а изгуби и 80% од видот на левото око!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дали гемиџиите не размислувале дека, уривајќи ги капиталистичките објекти во Солун (без разлика колку и да го штеделе цивилното и невино население), создавајќи ужасна паника и растројство во еден така важен град за Турската империја, ќе дадат повод за извршување на слични масакри врз сопственото население, какви што биле извршени врз Ерменците?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Податоците од медицинските инструменти можеме да ги претвориме во објекти во ВР.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
После Висењата од седумдесеттите во рецентната работа на Стеларк е вклучена трета роботичка рака, програмиран виртуелен уд со кого управува со помош на индустриски робот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако се чини дека токму во тие телесни перформанси телото е најконкретно, всушност тука е најголемата дистанца, телото е само објект во којшто можеме - со лиценцата што ни ја дава технологијата - да задираме, да врежуваме и да зборуваме за своето тело како за тело/материјал (што на пример е карактеристично за изразито нагласената дистанца на Стеларк).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во автобиографската трилогија Electronic Diary, Lynn Hershman, исто така Еврејка, всушност ги автоанализира корените на нејзиниот подјадувачки психички, сексуален и емотивен неред, злоставување и инцест, и резултатите ги изедначува со космологијата на Хитлер, вампирите и преживеаните од Холокаустот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Стаклениот „ак­ва­риум“ во којшто овцата се наоѓа е можност за тотална презентација ко­ја­што токму ја користат современите уметници истражувајќи ја популарната иконографија (од Jeff Koons до Gavin Turk).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таквото дело, во стварното тело на уметничката, заоѓа во имагинарната неутралност помеѓу субјектот и објектот во која го става гласот на преживеаниот којшто ја претставува болката на деструкцијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во нив објектот во потполност е изложен на погледот, а останува недопирлив.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Неговата Стомачна скулптура е подвижен објект во којшто се наоѓа ендоскоп.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во бродот Галеб се одржуваше Југославија во мало како во подвижен музеј, како објект во пловидба, со елитни кадети, избраници од сите народи и народности на Југославија кои на своето копно ги насетуваа првите тектонски поместувања на големата конструкција, а на морето беа како птиците албатроси со раширени крилја, принцеви на сините морски ширини.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во бродот беа присутни сите Титови обележја, освен него: неговата биста, неговата работна соба, неговиот свет од долгите пловидби, плочките на кои беа испишани имињата на славните посетители, покрај државниците и имињата на Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и други...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Објектите во него биле изградени од затвореници по војната, не само како обични ѕидари туку и како палири, па дури и еден архитект.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Севкупноста на тврдите објекти во кои е внесена одредена информација е позната како „материјална култура“ а нејзините карактеристични мемориски недостатоци (таа се изупотребува и станува отпадок) сега се претставуваат како сѐ уште неразрешени проблеми кои, според некои критичари на културата, го загрозуваат и самиот опстанок на човечката раса.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Егзистенцијалната промена на објектот во проект не е последица на “слободна одлука”.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тавернер не земал КР-3. Алис земала.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А и ние тргнавме по него, бидејќи сме објекти во неговиот перцептивен систем.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
А сета земја е вечен објект во доградба.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)