објаснување (имн.) - ќе (чест.)

И за овој збор Татко и Камилски немаа конечен став со какво објаснување ќе го задржат како опасен османизам, макар што и обајцата имаа уште многу pro и contra аргументи за останување или конечно исфрлување од нивниот речник на излитени зборови идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Наместо да ги објаснувате нејзините средишни обележја, само ги преискажувате и ги репродуцирате. ‌Затоа, јас ќе треба да објаснувам. ‌Моето објаснување ќе се ограничи на мал број примери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите ваши одговори и објаснувања ќе ги слушнеме таму каде што ќе ве одведеме. Поаѓаме. Ѓорѓи се вкочани.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа и се плашев од она што може да дојде. Се плашев, помислив, дека во блиска иднина, објаснувањата ќе треба да ги стокмам на поинаков начин.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)