објава (имн.) - на (предл.)

Се вратив во заборавениот дом (Речиси незабележлив среде шумата од зборови) Овде сѐ е приготвено во вид на копнеж Како во собата на Алхемичарот кој штотуку И се приближил на формулата за објава на златното доба (Мислам дека станува збор за нестварни одаи Или за скалила што водат кон нив)
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Контакт-адресата речиси е обврзувачки дел од мејл-арт работата, но постои и тнр. „еднонасочен“ мејл-арт кој често се одвива на начин и испраќачот и примателот на пораката да не се познаваат, или примателот да не го познава испраќачот; едноставно повеќе-помалку случајно некому му се испраќа некаква мејл-арт порака, и толку, не се бара фидбек; постојат и специјални случаи, тнр. „енигми” или „истраги” кога во мејл-арт пораката (или во низа пораки) се разоткрива некаква мистерија или шифра која понекогаш значи, на пример, само откривање на контакт-адресата, но понекогаш богами шифрите носат прилично дубиозни уметнички пораки (постои еден генијален „поштенски“ роман на мистериозни­от американски писател Томас Пинчон, „Објава на бројот 49“; самиот роман можеби и (не!?) може да се смета за мејл-арт, но во секој случај тој е инспирација за многу мејл-уметници).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Мора на нив објавата на моето предавање да им се видела како можност да присуствуваат на мојот духовен закоп.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Веројатно, во некои посебни услови и специфични околности, може да се насети па дури и да се наслушне незапирното ширење на материјата, со онаа неочекувана ненадејна експлозија како објава на свршетокот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ако било што денес може да ни помогне, тоа е конечното и потполно ослободување на окупираната слика на светот и нејзино препуштање на една разумска и умна објава на нештата, оспособување на рационалната метода на анализа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)