образец (имн.) - на (предл.)

Се внесов во глетката и во овој едноставен одвивачки образец на космичката еволуција кој претставуваше вистинска историја на човечкиот род.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зад неа стои брат му Рафаил Давидовиќ дојден оддалеку, од преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сепак, културата се карактеризира не само со споделените вредности и консензуални обрасци на значење, туку и преку раздвојување.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И како што Грците ги направија своите букви подражавајќи ги еврејските, така и тој по образец на грчките.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Низ едноставниот одвивачки образец на космичката еволуција, кој претставува вистинска историја на човечкиот род, а кој го сочинуваат: почнувајќи од геа- суперниорниот, атомите, Земјата како макроскопска материја, свесноста, преку менталното себство и универзалниот дух,па сѐ до квантниот вакум, можеме да се пронајдеме себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ова воопшто не е само реторичко прашање, бидејќи, како што имплицира претходната дискусија, доколку следењето на правилата не треба да се смета за когнитивно достигнување, тогаш воопшто не може да се смета за следење на правила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Изворната или посебно индивидуалната уметност делува произволно сѐ додека колективно не се разбере, т.е. додека не ѝ се потчини на „општата“ идеологија, типичниот образец на општественото уверување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа, тогаш, не би било следење на едно правило, кое, врз основа на тоа што е нешто регулативно, ги опишува ограничувањата и бара извесен образец на усогласување со нив, така што и ограничувањата и образецот треба да бидат сфатени како такви од страна на оној кој го следи правилото, со цел правилото да функционира како правило.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)