образ (имн.) - му (зам.)

Под очите имаше жебурки, кожата на образите му висеше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сивите образи му ги покриваше ретка, неизбричена брада, догото лице потсетуваше на круша - горе широко, долу тесно, со остар клин на констенливата брада.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Обемните обравчиња му се зацрвуваа сѐ повеќе и повеќе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Образот му беше стиснат до студениот кундак на пушката, а прстот беше затегнат на чкрапалото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Полните образи му пропаднаа до виличните коски, а ококорените очи толку му се откроија што му отворија постојано потечени модрини за кои се имаше впечаток дека само ако ги допреш со јаготка од прст ќе просолзат со гној.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Брадата му трепери и на левиот образ му игра мускулот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Образите му се беа заруменеле, усните нешто шепоткаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)