Исто така важна улога би одиграло и институционализирањето на еден друг вид финансиска поткрепа на уметничките облици кои по самата своја природа не можат да бидат комерцијализирани (инсталациите, перформансите, видео артот), а тоа е јавната нарачка (публиц цоммиссион).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се занесуваше следејќи ги облиците кои го сугерираа излезот, но никако не можеше да го пронајде.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
4. Кога еднаш надвор од природата ќе бидам, јас никогаш В тело од природни нешта нема да се најдам Туку во облик кој златарите грчки го прават Од ковано злато и емајл златен За со нив сонливиот цар да го држат буден; Или на златна гранка ќе им пеам седнат На господата и дамите од Визант За она што минало, минува или доаѓа. (В.Б. Јејтс – „Едрење во Византија“)
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Слабо тој се грижи за личниот опис на читателот, бидејќи верува во таинствената мерка со повеќе облици која во поголемиот број случаи стои како добро скроена облека, и затоа не треба да се пропушти теренот ниту на доаѓање ниту на заминување: помеѓу него и другите ќе се создаде мост секогаш кога текстот ќе се роди од семе а не од калем.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Спирална архитектура Клучниот облик кој го наоѓаме и во Хундертвасеровото сликарство и во Хундертвасеровата архитектура е спиралата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Така и Кејџ ги менува улогите на учесниците во доживувањето на уметничкото дело; во новата поделба композиторот повеќе не диктира еден заокружен, конечен облик кој потоа низ интерпретацијата скрупулозно се пренесува до слушателот исполнет со стравопочит, туку прави нешто радикално поинакво - тој го поттикнува создавањето на автентичното слушно искуство, за кое и интерпретаторот и слушателот мораат сами да се погрижат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ова чувство може да биде засилено ако сите столови се заземени или поставени во геометриски облик кој е во конфликт со психичките граници на просторот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Борхесовото дело е чудесна творба, јазик чиишто бои се прелеваат, облик кој самиот се содржи, соголен приказ на историска стварност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е исковано во онаа библиотека од која никогаш, според негови зборови, не се осмелил да излезе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Американскиот поет Џон Ешбери рече за Борхесовата уметност дека е “дело на еден метафизички Фаберже” и споредувајќи го со Кафка додаде: “Го читавме Кафка делумно поради некаква нужда; Борхес го читаме од уживање, додека нашата сопствена рамнодушност ужива во страшната но снажна претстава на еден разбаштинет космос”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бидејќи Борхес човекот беше лишен од светот, светот беше немилосрден одново покажувајќи дека е дојдено до тоа дамнешно разидување во кое тој толку веруваше - помеѓу него самиот, како уметник, и светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)