Секоја генерација има лажни пророци но и верни слуги, но сите сме свдеоци на реалните настани и нема повеќе криенки со камуфлирани вистини, времето на послужавник ни ги сервира мрачните приказни за гладот, сиромаштијата, за уништувањето на тоа што сами го создадовме, за масакрот од војните, за братоубиството, за смрта, за осакатените војници, за натажените вдовици и мајки, за децата кои останале без родители кои боси, валкани во парталава облека питаат по улиците, транваите и железничките станици и спијат под мостовите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)