Само нијанса, а тоа ти е како една стотинка во резултатот 100 м со препони - мажи, или една лажица млеко повеќе во смесата за палачинки, но таа „разлика“ ја чувствуваат врвните експерти-мајки, исто како што белината на долната облека можат со своето остро око да ја стават во категорија А1, А2, А3... мислиш, на забар си, па ти одредува боја на коронка.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Гол, секако бил штрклест, танконог и со ковчести бранчиња на градите, во тешката облека можел да биде само голема и долгнавеста бовча на која некој заборавил загрижена глава.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ова не можеше со сигурност да се тврди, ама во нашите облеки можеше да се забележат невообичаени делови од зелени, од пепелаво-сини, од црни платна...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Не се дорекол. Гавруш Пребонд сепак знаел што сака тој да каже.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)